Новото претстојно издание на „Поточиња 2022“, како еден од најпознатите и најреномирани детски музички фестивали, ќе се одржи на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија. Што значи дека е време за повторно дружење на големата сцена.
По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „Поточиња 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала.
Но, за да биде се како што треба и како што е замислено, мора однапред да биде и беспрекорно подготвено. А подготовките за новите песнички траат цела година.
Од момнтот на нивното создавање, преку селекцијата на децата што ќе ги изведуваат, нивното студиско снимање, па се до последните подготовки околу танцувањето, кореографијата, сценските движења, настапот на големата сцена.
Сето тоа мора да се синхронизира и увежба, па најмалите музички ѕвездички под будното око на организторот, нивните музички ментори и кореографи, ги подготвуваат и увежбуваат чекорите, игрите, танците, кореографиите за секоја песничка одделно.
Дека се е како под конец и ќе биде соврешено и беспрекорно на големата сцена во Македонската филхармонија, потврда се фотографиите и видеата кои ги забележивме на пробите на „Поточиња 2022“.
Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот. Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и онлајн. Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл.