Радио Милева разочарано му одговори

За ова долго ќе се зборува, Амбер Херд му зададе удар на Џони Деп (Фото)

За ова долго ќе се зборува, Амбер Херд му зададе удар на Џони Деп (Фото)

Џони Деп вчера креираше профил на ТикТок, на кој набрзо го објави првото видео, заблагодарувајќи им се на своите фанови за поддршката што му ја покажаа во последните два месеци.

Набргу потоа, Амбер Херд проговори преку менаџерот и одговори на видеото на Деп.

„Додека Џони Деп вели дека „оди напред“, правата на жените одат наназад“- рече таа, пренесуваат странските медиуми.

„Пресудата им порача на жртвите на семејно насилство дека треба да се плашат да застанат во одбрана и да зборуваат гласно“- додаде таа.

Да потсетиме, Херд по пресудата изречена на 1 јуни јавно објави дека е многу разочарана од развојот на ситуацијата.

„Разочарувањето што го чувствувам денес е невозможно да се опише. Скршена сум што планината докази не беше доволна за да се спротивстави на непропорционалната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг“- рече Херд во изјавата објавена непосредно по читањето на пресудата во Вирџинија.

„Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е назадување… Ја нагласува идејата дека насилството врз жените не треба да се сфаќа сериозно“- изјави таа.

Фото:Принтскрин/Јутјуб/мирамах

To top