Кај познатите личности доволно е да се појават само мали недостатоци за веднаш да станат мета на критика од јавноста и медиумите.
Тоа периодов и се случува на светски познатата музичка ѕвезда Ријана која постојано е на тапет поради тоа што ги покачи килограмите.
Ри Ри не многу се грижи за ваквите негативни коментари и ужива во себе со полни гради самодоверба.
На нејзиниот профил на Инстаграм осамнаа нови фотографии на кои навистина се забележува дека е покрупна, но далеку од тоа дека изгледа дебело.
На една од фотографиите таа позира по црна долна облека од тантела и изгледа секси и атрактивно како и секогаш.