Еден од основачите на легендарниот американски рок бенд „Бон Џови“, поранешниот басист Алек Џон Сач, почина на 70-годишна возраст.
Сач настапуваше со нив од 1983 до 1994 година, кога беа создадени некои од нивните најголеми хитови како „You Give Love a Bad Name“, „Livin ‘on a Prayer“ или „Bad Medicine“. Тој беше заслужен и за формирање на бендот.
„Беше оригинален… Алек беше составен дел од бендот и неговото формирање… Да бидам искрен, преку него го најдовме патот еден до друг“, напиша Џон Бон Џови на Твитер во своето збогување.
Alec, you will be missed pic.twitter.com/ilfTeYyQhR
— Bon Jovi (@BonJovi) June 5, 2022
Детали за смртта ма Сач не се откриени.
Тој бил десет години постар од останатите членови на бендот, а во една прилика признал дека издавачката куќа лажела за неговата возраст поради тоа.
„Имав 31 година кога му се приклучив на бендот. Бев 10 години постар од остатокот од групата. Сестра ми на крајот многу се налути затоа што весниците ја опишаа како моја постара сестра, кога всушност беше помлада“.
Разликата во години на крајот беше и причината поради која ќе го напушти бендот.
“Кога имав 43 години, почнав да изгорувам. Се чувствував како да работам некоја работа, која не ја сакам. Причината што се приклучив на бендот на почетокот беше затоа што не сакав да работам”, тој призна.
Фото: Профимедиа