Радио Милева

Имал бурен живот и пред Беквалац: Лука Лазукиќ физички нападнат поради познатата старлета!

Имал бурен живот и пред Беквалац: Лука Лазукиќ физички нападнат поради познатата старлета!

Сопругот на Наташа Беквалац неодамна ја напушти Србија и замина кај свој пријател во Атина. Тој одлучи да се повлече од медиумите, а она што сега се пишува е дека имал бурен живот и пред Наташа Беквалац.

Извор близок на „Ало“ откри дека Лука пред неколку години и се додворувал на познатата старлета Сораја Вучелиќ. Меѓутоа, ова не му се допаднало на момчето на старлетата, па на Лазукиќ му удрил шлаканица и го „фатил за уво“.

фото: Митар Митровиќ

„Станува збор за свадбата на нивен заеднички пријател. Момчето на Сораја и Лука се познаваа, но не беа блиски. Сораја заедно со момчето беше на таа свадба. Во еден момент, кога се крена атмосферата, Лука почна да разговара со Сораја. Кога нејзиното момче виде дека работите одат надвор од контрола, стана и му кажа дека таа е негова девојка. Лука се извини и се врати на своето место, вели изворот.

фото: Урош Арсиќ

А како поминувало време, Лука повторно почнал да и се додворува на старлетата и тогаш настанал хаос.

„По еден час, Лука беше пијан и повторно се приближи до столот на Сораја. Ја праша девојката да танцуваат, а таа му одговори дека не е расположена. Тогаш момчето на Сораја стана и го удри со раката по глава и го фати за уво. По овој инцидент Лука ја напушти свадбата, а по неколку дена Лука се извини, завршува изворот.

To top