Радио Милева повторно „бушав“?

Пејачот не личи на себе: Тони Цетински легна „под нож“, а еве и зошто?

Пејачот не личи на себе: Тони Цетински легна „под нож“, а еве и зошто?

Популарниот пејач Тони Цетински во вторникот на 31 мај го прослави својот 53 роденден и по тој повод покажа како изгледа по најновиот хируршки зафат.

Тони за својот роденден снимил песна во студио во Загреб, а соработниците го изненадиле со торта и свеќички со број „53“. Прославата не заврши тука, туку подоцна пејачот го прослави роденденот со сопругата Дубравка во ресторан.


Пејачот на социјалните мрежи објави снимки од студиото, но и од излегувањето со сопругата и во таа прилика го покажа својот нов изглед, по хируршката интервенција.

На објавената снимка јасно се гледа драстичната разлика по трансплантацијата на коса, која Цетински неодамна ја направи. Тони повеќе не е ќелав на темето и со големи залистоци, туку сега има коса каква што сакаше.

 

Во декември минатата година Тони откри дека направил трансплантација на коса на скалпот за да си го реши проблемот и да си ја оствари големата желба, повторно да изгледа приближно како во младоста.

„Оддамна имам желба да одам на трансплантација на коса и среќен сум што поради тоа не морав да патувам надвор од границите на Хрватска, бидејќи лекарта и експерт за коса – Ана Малетиќ, убедливо е најдобра во таа област.

Искрено ги очекувам резултатите“ – напиша Тони претходно на Инстаграм. А резулттите денес се повеќе од видливи…

До душа не баш како оние од младоста, но сепак… Подобро да се има нешто коса на овие години, ова време,  отколку мазно теме!

 

Фото: Инстаграм принтскрин/tonicetinski

To top