Радио Милева под балканска „естрадна окупација“?

Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе: Едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи нема што да понудат!? (ВИДЕО)

Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе: Едни го поддржуваат, други велат дека домашните изведувачи нема што да понудат!? (ВИДЕО)

Неодамна, Игор Џамбазов го искористи своето интернет ќоше за да изрази незадоволство за третманот кон македонските музичари. Преку својот Инстаграм профил Џамбазов им се обрати на сите сопственици на дискотеки, ноќни клубови, кафулиња и други локали кои како што вели тој, „ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот“:

„ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА ДИСКОТЕКИ И КЛУБОВИ КОИ АНГАЖИРААТ ПОЛУАНОНИМНИ ПЕЈАЧКИ ОД БАЛКАНОТ, СО ЕДНА И ПОЛ ПЕСНА ВО КАРИЕРАТА, А ГИ ПЛАЌААТ 5 (И СО БУКВИ ПЕТ) ПАТИ ПОВЕЌЕ ОД НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ ИЗВЕДУВАЧИ, ИЧ ДА НЕ МЕ БАРААТ ЗА НАСТАП СО МОЈОТ БЕНД. ЗА ВАС ДЕЧКИ СУМ НЕДОСТАПЕН…ДУР СУМ ЖИВ. ОБЈАВИ ЏАМБАЗОВ И НАПИША „НАЗАД ВО РЕЛАНОСТА.

Нека гори Балкан: На Игор Џамбазов „му изгоре“ желбата да пее на исто место со полуанонимни „турбо певаљки“, пет пати поплатени од него (ФОТО)

По објавата следуваше лавина од коментари и поддршка од бројните следбеници на актерот, голем број од неговите колеги и пријатели. Естрадниот магазин „Бекстејџ“ реши да ја обработи оваа тема, се со цел да го види ставот на македонските изведувачи поврзани околу истото. Бојкотот на Џамбазов ја крена македонската естрада на нозе, па додека едни го поддржуваат, дел од споствениците на македонските локали, но и некои од оние кои ги организираат естрадните настани, без оглед дали се поединци или институции, велат дека домашните изведувачи нема што да понудат!?  На сето ова остана да се даде одговорот: „Дали Македонија е навистина под балканска „естрадна окупација“?

Игор Џамбазов изреволтиран додаде: „Не да не ме канат, нека не ми се јавуваат воопшто. Јас сум за нив умрен човек“.

Неговото интервју, како и целата сторија на оваа тема погледнете го на следниот линк: 

To top