„Ех чичо, чичо, дојде, а? И јас би дошол… Тука не се плаќа. Знам дека те интересира. И како изгледа, и како се однесува и како збори… Добро, ве интересира повеќе како изгледа… Е сега, таму каде што сакате да видите како изгледа, се плаќа… Има цена, а тука не!“ – се зборовите со кои водителот и познат јутјубер Стефан Лазаров ја најави во нејзиното воопшто прво интервју во јавноста Теодора Мартиноска, првата Македонка со своја „Онли фанс“ страница за возрасни, која потоа одговараше и на прашања кои мажите не би и ги поставиле на жена.
Иако не е јавна личност, сексапилната стружанка преку ноќ стана вирална ѕвезда. Од некои воздигнувана, од други оспорувана, она што Теодора го работи ги подели мислењата. Нејзините експлицитни фотографии на „Онли фанс“ страницата за возрасни ги зовреа страстите, па коментарите ги преплавија и социјалните мрежи и медиумите, особено порталите, каде за едни оваа расна убавица беше „еротска светица“ за други обична „провинциска блудница“.
Она што е особено интересно е што таа прва „повлече нога“, а по неа се осоколија и други девојки, и тоа попознати од неа, некои дури и естрадни пејачки, да отворат исти такви страници. И додека Теодора се бори со предрасудите на средината и јавноста, нејзината „регулар“ Инстаграм страница е „укината“. Или поточно во моментов – „скриена“!
Наводно, по пријава на Инстаграм заедницата, најпопуларните објави од (# teodoramartinoskaa) се моментално скриени бидејќи заедницата пријавила содржина што можеби не ги исполнува критериумите на Инстаграм заедницата!!?
Или едноставно кажано, некому нејзината голотија му пречи, па се обидел да ја спречи да биде она што посакува и што е нејзина приватна работа, односно лична одлука.
За среќа, нејзината „Онли фанс“ се’ уште е активна… како и ТикТок профилот.
@teodoramartinoska♬ original sound – sped up songs
Во меѓувреме, првата македонска „Онли фанс“ лејди седна „на распит“ кај познатиот водител и јутјубер Лазаров, кому за прв пат јавно му ја отвори душата.
Велејќи дека не се срами и дека „не и е проблем и јавно да осамнат нејзини голи фотографии“, Теодора откри многу непознати работи за себе, кои ги изнесе на виделина во разговорот со јутјуберот.
По првото интервју Теодора Мартиноска имаше храброст да биде дама која ќе одговара на скокотливи прашања кои мажите можеби никогаш не би и ги поставиле на една жена.
Што ја праша Лазаров, а што Теодора му кажа, погледнете од видеото во продолжение: