Дејвид Бекам отсекогаш важел за семеен човек кој секој слободен момент го поминува со своите најблиски.
По неодамнешната најава за вечера со мајка си, поранешниот фудбалер повторно ги воодушеви фановите, овој пат со слики од неговото детство.
На првата фотографија Дејвид позира со своите сестри и татко, но повеќе внимание привлече втората, портретот на постарата сестра на Бекам, Лин и нејзината широка насмевка, што предизвика лавина смешни коментари, но и честитки за јубилејниот педесетти роденден.
„Среќна педесетта, Лин! Се надевам дека имате прекрасен ден, го заслужуваш тоа! P. S. Извинете за втората слика“, се пошегува познатиот фудбалер.
фото:Инстаграм/Дејвид Бекам