Водителката Јована Јеремиќ привлекува големо внимание во јавностакаде и да се појави. Нејзините стајлинзи во утринската програма не поминуваат незабележано, но и надвор од малите екрани, Јована умее да жари и пали и со своето однесување и своите изјави, и секако со модните детали.
Имено, во српската престолнина се одржа еден голем настан, а на прославата дојдоа голем број познати личности, меѓу кои гостинка беше и Јована Јеремиќ. Водителката се појави облечена во леопардов комбинезон или поточно во имитација на кожа од јагуар.
Стегната, се пукаше на неа, а сите облини на расната водителка се отцртуваа и излегоа на виделина. Логично сите очи на јавноста таа вечер беа фокусирани на неодоливата секси појава на Јована.
„Вечерва дојдов со брат ми и една другарка“ – рече таа при влезот на прославата, на која за кусо време покажа дека и овде умее да биде онаа, главната.
Најпрвин се качи на сцената , го зема микрофонот па запеа заедно со музиката…
За потоа да биде запаметена по изјавата:
„Дојдов сите да ве пореметам. Некои зради тоа ќе го загубат своето место, но секој ќе си дојде токму на она кое му припаѓа по природно право“ – им порача Јована, на која никој не и забележа, познавајќи ја смислата за хумор на водителката.
Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana