Македонската пејачка на сцената имате прилика да ја видите во разновидни комбинации и со комплетен „make up“. А штом ќе се исклучат рефлекторите и сите камери, Тамара Тодевска не се плаши да го покаже своето природно издание.
Можеби е една од најактивните личности на социјалните мрежи и често споделува фотографии од своите активности. Без разлика дали станува збор за неа, нејзините настапи, за нејзината ќерка Хана, Тамара несебично споделува со своите фанови.
Така и беше синоќа, кога на „Инста стори“ познатата пејачка сподели фотографија на која лицето и е потполно црно. Многумина можеби се запрашаа што и се случило? А очигледно пејачката сакаше да се опушти пред спиење со некоја маска за лице, а на фановите им посака добра ноќ.
„Црно, па се невиди“.
фотo: инстаграм