Водителката Јована Јеремиќ повторно ја подбра пејачката Тања Савиќ.
Имено, на јавноста веќе и е познато дека Тања Савиќ пред неколку месеци го напушти шоуто „Амиџи шоуто“ поради Јована Јеремиќ, зашто не сакаше да биде со неа во ист емисија. Водителката и овој пат не ја поштеди пејачката.
„Тања Савиќ е тип на личност која сака да ја лажат дека е одлична. Тања е добра пејачка, но глупава е како ноќ. Тоа е крајот на приказната и точка. Јавно зборувам за тоа, таа не знае да состави простопроширена реченица во медиумите. Тања е ограничена во секоја смисла, нема речник, а и начинот на размислување и е лош“ – вели Јована и додава:
„Наместо да пее и да биде тоа што е, едноставна и нормална жена, таа сака да глуми лудило и ѕвезда. Другари, не можете да изигрувате ѕвезда кога сте Тања Савиќ. Таа треба да знае каде припаѓа. Таа е ѕвезда како пејачка, но во интелектуална смисла нема што да каже. Тања може да зборува за приватниот живот, како има ново момче, кои се нејзините песни и само да пее, но не може да задржи внимание шоуто! Во неа нема материјал за тоа“ – истакнува Јеремиќ и на крајот открива.
„На снимањето на емисијата во која гостуваше заедно со мене дојде видно вознемирена, психички нестабилна, беше очигледно. А јас бев само капка во кофа за таа да го напушти шоуто на Амиџи. Тања не можеше да поднесе јас да бидам ѕвезда на шоуто. Што е проблемот? Ако не ви се допаѓа, не доаѓајте. Јас сум ѕвездата и тоа е поентата!“ – заклучува Јована Јеремиќ во емисијата „Балкан инфо“.
Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana/tanja_savic_private