Анастасија Ражнатовиќ за својот роденден доби луксузен одмор на Ибица од своето момче Немања Гудељ.
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави својот 24 роденден, а на забавата покани точно 100 гости. Меѓу нив беше и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ, кој само поради неа пристигна од Севиља.
Славеничката доби неколку вредни подароци од своето момче, меѓу кои луксузниот одмор на Ибица, кој заедно го продолжуваат за неколку дена.
View this post on Instagram
– Немања во вторникот дојде во Србија со сестра му Вања, братот Драгиша и мајката Оливера и веднаш сите тргнаа да ја запознаатЦеца. Недостасуваше само таткото на Немања, Небојша, кој работи во Кина – вели добро информиран извор и додава дека Гудељ ја воодушевил својата девојка, но и неговата идна баба:
– Немања на Анастасија и донесе букет црвени рози, на кои пишуваше „Те сакам“! Тоа, се разбира, не беше единствениот подарок. Платил 12.000 евра за луксузен одмор на Ибица, кој ќе го продолжат заедно за неколку дена. Изнајмил вила со базени, теретана, помошници, обезбедување…, но и фудбалско игралиште, каде ќе може да тренира. На вечерата во вилата на Цеца беа и братот на Вељко, тетка Лидија, вујко Предраг… И сите беа воодушевени од идниот зет, особено Цеца! По вечерата на полноќ, славеничката ги дувала свеќите на тортата и го прославила роденденот во прегратките на своето момче. Веднаш потоа Таса и Немања отишле на сплавот, каде што се забавувале до утрото, пренесува „Информер“.
Анастасија пред три месеци ја раскина петгодишната врска со Ѓорѓе Куљиќ и набрзо се заљуби во Немања Гудељ поради кого често патува во Севиља.
– Сè за мене е одлично. Сè ми оди добро! – рече тааи јавно призна дека го сака фудбалерот:
– Јасно ми е дека сум среќна, задоволна и заљубена!
фото:Инстаграм принтскрин