Јавноста со нетрпение го очекуваше моментот кога Кејт Мос, познатиот супермодел и поранешна девојка на Деп, ќе се појави на судењето на Џони Деп и Амбер Херд, а многумина сметаа дека таа е клучниот сведок во процесот. Кејт денеска сведочеше, а на судењето се приклучи преку видео врска, со цел да го поддржи својот поранешен партнер со кој се забавуваше од 1994 до 1998 година.
Да потсетиме, Амбер Херд на 5 мај сведочеше за наводното злоставување што го претрпела додека била во брак со Деп, кога изјавила дека актерот еднаш ја турнал Кејт по скалите додека парот сè уште бил вљубен.
Мос денеска ги демантираше овие шпекулации, велејќи дека Деп никогаш не ја турнал, клоцал или фрлил по скали.
„Излегувавме од собата, а Џони излезе од собата пред мене. затоа што имав болки“, започна таа. Кејт ја кажа својата изјава додавајќи дека Деп истрчал да и помогне.
„Ме однесе во мојата соба и повика лекарска помош“, рече таа.
На прашањето дали Деп некогаш ја турнал по скалите, таа одговорила не: „Никогаш не ме турна, клоцаше или не ме фрли по скалите“.
Познатата 48-годишна манекенка изјави и дека никогаш не сведочела на ниту еден судски процес, а на прашањето зошто се одлучила да го направи тоа сега, адвокатите се спротивставија.
фото:Profimedia/:cbsnews printskreen