Познатата пејачка Кети Пери лансираше нова колекција сандали, а најмногу внимание привлече моделот кој го носевме во минатото.
Одамна научивме дека модата се врти во круг. Трендовите кои беа актуелни во младоста на нашите мајки и баби повторно се враќаат, а тоа го докажуваат и светски познатите брендови кои пласираат идентични, малку модифицирани модели.
Меѓу најпопуларните модели се гумените сандали кои ги носевме на плажа кога бевме мали.
„Не чекајте комплименти за овие сандали“- напиша пејачката во описот на објавата на Инстаграм.
Овие сандали порано масовно се произведуваа и никогаш не се сметаа за прескап модел. Иако ги носевме како деца за да се заштитиме од морските ежови, многумина знаат дека тие беа „совршени“ за создавање плускавци.
View this post on Instagram
Сепак, тие се доказ дека модата постојано се повторува, а освен Кети Пери, овој модел го објави и „Гучи“, чии вакви сандали чинат околу 400 евра.
Фото: Инстаграм/Принтскрин/katyperry