Во сабота се очекува нова епизода од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ во кое се случија неколку конфликти, а за договорот со колегите од жирито сега проговори и Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Пејачката истакна дека по природа не е конфликтна личност, но и дека не попушта па откри каква атмосфера владее меѓу нив кога ќе се изгасат камерите.
„Видете, никогаш не дозволувам некој да ме обвинува, а јас да молчам и да се правам нема. Ако некој може да ме нападне, тогаш мора да ги трпи последиците од мојот одговор. Понекогаш морам и да се бранам. Кога ќе се изгаснат камерите, најчесто имаме прво пауза за ручек, потоа разговараме и се дружиме, а потоа следува вториот дел од снимањето. Ги завршуваме обврските што ги имаме“ – рече таа и истакна со кого е најблиска на натпреварот, освен со кумата Вики Миљковиќ.
“Ако зборуваме реално, сите се сложуваме многу добро. Има некои исклучоци, но гледачите тоа многу добро го знаат. Јас секогаш сум за квалитетните изведувачи“ – додаде таа.
Обожавателите на пејачката со нетрпение го очекуваат објавувањето на нејзиниот нов албум, а таа откри дека досега преслушала дури 1.000 песни, од кои задржала само три.
„Истото прашање ми го поставуваат веќе шест години, а мојот одговор е многу добро познат. По 17 студиски албуми, не можам да влезам во студио и да снимам нешто само за да издадам. Отсекогаш сум се трудела и се надевам, успевам да го направам секој албум подобар од претходниот. Не е лесно, има голема криза за авторство. За сето ова време добив над 1.000 песни, но нема ништо што би ме трогнало на прво слушање. Одбрав само три песни, но сепак треба да се доработат за да ги исполнат моите стандарди“-рече Цеца.
Пејачката проговори и за својата нова љубов која, судејќи по нејзиниот одговор, не е ни на повидок. Таа додаде дека е многу тешко да ја привлече маж со оглед на тоа што била остварена на секое поле од животот.
„Во моментов мојот мозок може само да го заинтригира мојот внук Жељко и профилите на Инстаграм каде гледам како средуваат станови . Создадов сè . Не ми треба некој да ме фасцинира со кули и градови. Едноставно, хемијата се случува меѓу некои луѓе или не се случува, колку и да се трудиме да ги редиме работите, хемија е таа која става сè на свое место“- рече таа.
Фото:Принтскрин/Aта Имиџес/Антонио Ахел