Сопругата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, наскоро ќе го жени синот од првиот брак, Даниел, а сега пејачката откри како се движат подготовките за гала прославата која ќе се одржи во еден белградски ресторан.
„Под голем стрес сум, а овие мои деца како да не прават свадба, флегматични се, сѐ бавно. Секогаш кога ќе ги да прашам дали завршиле со организацијата, тие само велат: „Мамо, сѐ е под контрола, опушти се“ – Низ насмевка истакнала Сузана и додала дека како и секоја горда мајка се подготвува за најважниот ден во живот.
„Ние, жените, толку сме во недоумица кога е гардеробата во прашање… Подготвив една комбинација и мислев дека ќе ми биде супер, а потоа ја погледнав временската прогноза која вели дека тој ден ќе биде пекол, па сега морам сѐ да сменам“- рекла пејачката и признала дека нема да има солзи.
– Ќе биде, весело. Па, господе, го женам мојот првороден син – заклучила таа.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/suzanapopovic69/Ата имиџес/Дамир Дервишагиќ