По завршување на Евровизија социјалните мрежи зовреа, а реакциите почнаа на Твитер, каде што буквално се водеше војна меѓу Македонија и Србија.
Србите беа проклето лути затоа што очекувале 12 бодови од Македонија, не само 10-ка.
Во финалето, македонското жири најмногу гласови ѝ даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта, а публиката обратно – 12 поени за Србија, 10 за Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.
Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска со песната „Circles“ пак го освоила 11-тото место на втората полуфинална вечер, што е за само едно место подолу од првите 10 земји-учеснички кои влегоа во финалето.
Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање.
Податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германија, а најмалку од жирито на соседна Србија – само 1 поен.
„И шта чемо сад“?