Шпанката Шанел која е со кубанско потекло, во финалето ја претставуваше својата земја на Евровизија и заврши на третото место.
Таа има интересна биографија. На 16 години почнала да глуми во мјузикли, а се појавувала и во шпански претстави и серии.
„SloMo“ е нејзиниот деби сингл, потпишан од тим кој соработувал со Мадона, Бритни Спирс, Рики Мартин, Мараја Кери и Ники Минаж.
Таа, исто така, танцуваше на сцената со Шакира, на Европските музички награди на МТВ во 2010 година.
Со својот стајлинг и танц, ја „запали“ Евровизиската сцена, ги шармираше мажите, а потоа ги шокирапше.
Имено, на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое се гледа како Шанел ја бакнува својата девојка во уста и цело време плаче за време на прогласувањето на победникот. Во описот на видеото споделено на Твитер се вели: „Шпанија веќе победи“.
Españita ya ha ganado #GraciasChanelRTVE #eurovision pic.twitter.com/1VzGWmnrCs
— Elisa (@elisamg31) May 14, 2022