Радио Милева мирна разделба

„Да вредеше сѐ уште ќе траеше“: Индира Арадиновиќ Инди ја раскина веридбата (Фото)

„Да вредеше сѐ уште ќе траеше“: Индира Арадиновиќ Инди ја раскина веридбата (Фото)

Веста дека пејачката Индира Инди Арадиновиќ ја раскинала веридбата со вереникот од Копенхаген ги шокираше сите, а сега се огласи и самата Инди.

Пејачката, ги потврдила овие сознанија и открила дека останале во добри односи.

„Точно е дека ја раскинав свршувачката, но не би и придавала преголема важност. Кога нешто не функционира, треба да ставите точка на врската и да се сеќавате само на убавите моменти, а имаше и такви. Никој не сака разделби и кога ќе влезе во врска не планира да се раздели, но ако има разминување тоа е единственото решение. Се разделивме во мир и како пријатели и секој ќе си продолжи по својот пат. Кога ќе дојде крајот на врската, нема потреба од жалење, бидејќи тоа што го кажал народот е вистина: Да вредеше сѐ уште ќе траеше“, изјавила Инди за „Ало“. И додала дека моментална и единствена преокупација за неа е работата, а следат и нови песни на кои интензивно работи.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/indira_indy_aradinovic

To top