Радио Милева

Милица Тодоровиќ прозбори за односот со момчето: Со него секогаш…

Милица Тодоровиќ прозбори за односот со момчето: Со него секогаш…

Фолк пејачката Милица Тодоровиќ има многу причини за да биде среќна, а една од нив е што наскоро ќе излезе спотот за песната „Шоу програм“ кој е во режија на нејзиното момче, кореографот Милош Пауновиќ.

„Милош е вистински професионалец, песната е многу “луда“ и брза. Едвај чекам да излезе, вели пејачката.

А на прашањето дали нивната врска понекогаш наликува на „шоу програма“ вели:

„Мислам дека секоја врска личи на шоу програма. Милош и јас одлично се сложуваме. Апсолутно ја разбира мојата работа, го разбира шоу – бизнисот, вели Тодоровиќ.

Иако се долго во врска, тие се уште немаат намера да запловат во брачните води.

„Не зборуваме за тоа. Не сакам да планирам. Милош е посебено момче. Со него се смеам секој ден. Се најдовме, вели Милица.

 

To top