Радио Милева време за бикини

Атрактивната гевгеличанка ја отвори бикини сезоната: Која е тајната на долната облека на Александра Накова? (ФОТО)

Атрактивната гевгеличанка ја отвори бикини сезоната:  Која е тајната на долната облека на Александра Накова? (ФОТО)

Александра Накова, за некого старлета, за некого топ модел,  од пред една година и сопственичка на моден бутик во нејзината родна Гевгелија. Според многумина, најзгодната газдарица на една продавница за облека во Македонија.

Дека нејзиниот телесен раскош е навистина супериорен, познато е оддамна…Она што мајката природа и го подарила, гевгелиската убавица подоцна го надградила со помош на естетската хирургија, за денес Накова да изгледа во најмала рака како силиконските убавици од соседството, а можеби и „рамо до рамо“ со оние од „малку посеверно“!

Дека она што е убаво треба постојано да се покажува, докажува навиката на атрактивната убавица своите следбеници на социјалните мрежи  редовно да ги чести со скокотливи фотографии, на кои Накова ја споделува и својата убавина и секоја своја промена. И модна и естетска!

Ако веќе она што е убаво треба да се покаже, главните адути на расната гевгелиска убавица секако се нејзиното извајано тело, долгите нозе и  бујните облини. И однапред и одзади, совршено облата задница и големите силиконски гради.

Летото е секако најзгодната прилика да се покаже сиот свој телесен раскош, па затоа расната убавица како по правило секоја година речиси прва ја отвора сезоната… Иако летото се’ уште не пристигнало, сепак, срамежливо полека се најавува, ама затоа Накова и годинава не чекаше тоа официјално да дојде, туку како по обичај, самата реши во пресрет да му појде.

Како поинаку, ако не во она во што е најпрепознатлива… За време на најтоплото годишно доба во она што Накова го преферира како летна мода која најубаво ги отсликува нејзините телесни облини, па затоа побрза да ја отвори годинешната летна сезона на  бикини!

Најпрвин, додека темепературите уште не беа за во костим за капење на отворено, Александра  во црвена комбинација влета во спа како предвесник на летната сезона.

Но, пред да влезе во базенот, една-две селфи пози, чисто онака, за уште еднаш да провери како и стои дезенот.

Црвената боја ионака сама по себе доволно асоцира на љубов и страст, иако сите би сакале да дознаат „која е тајната на долната облека Александра Накова“, во случајов на нејзиното секси бикини?

Штом сонцето малку ги покажа своите зраци и ја засили топлината, Накова препозна дека е вистински момент да ја сподели убавината со околината на убавиот сончев ден, но секако заради сопствено уживање, на отворениот базен!

Малку соло, малку во друштво на својата  верна другарка, само во поинаква бикини комбинација од истата марка!

За оваа прилика атрактивната гевгеличанка во секси црно бикини со синџирчиња, под жешкото сонце клекната, седната или испружена на лежалка,  очекувано почна да позира во секоја можна поза која ќе го долови нејзиното извајано тело од секој агол.

И тука одново лебди истото прашање: „Која е тајната на долната облека“ на Александра Накова, во случајов на нејзиното секси бикини ?

Одоговорот, многу извесно дека е само еден: Вака извајано тело, долги нозе и бујни облини изгледаат ултрасекси во секое бикини!

Умешноста на разголувањето и уметноста на позирањето на Накова, само дополнително „ќе ве закова“, долго да не го симнете погледот од нејзините фотографии. Атрактивната гевгеличанка и ова лето е „цицлеста секси мачка“!

Фото: Инстаграм принтскрин/nakovaaleksandra__official

 

 

 

 

To top