Семејството на фудбалерот Немања Гудељ и младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ, судејќи по објавите на социјалните мрежи, времето го помина во Шпанија. Кога беше откриено дека ќерката на Цеца Ражнатовиќ се забавува со фудбалерот, по раскинувањето со бизнисменот Ѓорѓе Куљиќ, многумина се запрашаа каков навистина е односот на Анастасија со најблиските на Немања.
Според медиумите, идната свекрва на Анастасија, Оливера Гудељ, по дружењето во Севиља, само го зацврстила позитивното мислење што го имала за избраничката на нејзиниот син, а со ист став се сестрата на Немања, Вања и братот Драги.
„Анастасија е многу приземна и пристојна девојка, а кога е во прашање семејството на Гудељ, таа не може да глуми ѕвезда. Фудбалерот израснал во богатство, а и самиот постигнал големи успеси на многу млада возраст, па девојката тешко може да го гледа од височина. Сепак, Анастасија не е вообразена, не глуми ѕвезда, бидејќи, без разлика на богатството, живеела сосема нормален живот, на што секогаш инсистирала нејзината мајка Цеца – тврди извор за „Свет и скандал“.
View this post on Instagram
Следбениците на пејачката имаа можност да се уверат низ фотографиите со семејството на Немања Гудељ, кое се чини дека е пресреќно поради нивната врска, а Анастасија, се чини, на сите им е присрце.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/vanjagudelj27/raznatovicanastasija