Веста за врската на пејачот со колешката Александра Младеновиќ ги изненади многумина. Иако врската ја криеја два месеци, Исак и Александра вчера за прв пат беа фотографирани заедно. Откако нивните фотографии се појавија во јавноста, парот прозборе за тајната врска.
Прв проговорил Исак кој ги потврдил наводите за врската, а потоа и Александра сакала да престанат шпекулациите, па признала дека ужива во заљубувањето.
Исак ги споделил деталите за љубовта, па изјави дека довербата е она што им е најважно.
„Разбирањето за нашата работа се подразбира и ние имаме разбирање еден за друг, така што многу е полесно да ја работиме истата работа. Во нашата врска најважна е довербата. Жените постојано ми приоѓаат, но јас сум многу верен човек и мене ме интересира само Александра“, изјавил пејачот за „Гранд онлајн“.
Фото:Принтскрин/Горан Срданов/нова.рс/Филип Краинчаниќ/нова.рс/aleksandra_mladenovic_/isakciksy/