Цеца дојде да го снима шоуто „Ѕвезде Гранда“ каде е член на жирито во атрактивна комбинација на облека.
Таа за оваа пригода на себе имаше корсет од бела тантела, палто и шорцеви кои ги искомбинирала со бордо чизми, очила за сонце и бел шешир. Налик на секси каубојка, кај која преден план беа нејзините долги, згодни нозе и секако длабокото деколте на цицлестата фолк дива.
Она што привлече посебно внимание е скапата чанта на од познатиот бренд, која чини околу 3.500 евра.
„Денес изгледаш топ во бело, дали тоа можеби навестува нешто ново и убаво“? – се пошегуваа насобраните фоторепортери, на што таа со насмевка само одговори дека и вака се чувствува одлично.
Фото: Инстаграм принтскрин/cecaraznatovic/ Antonio Ahel/ATAImages