Александар Милиќ Мили и Ѓорѓе Давид често се судираа во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ поради различни мислења.
Овој пат во следната епизода дошло до жестока кавга.
– Мили е бескрајно храбар човек, тоа мора да го разберете. Толку лесно и храбро кажува глупости, седнува без проблем и се насмевнува, публиката аплаудира – изјави Ѓорѓе Давид.
„Подобро отколку да кажуваш бескомпромисни лаги што ги кажуваш нон-стоп“, веднаш одговори Мили.
– Имаш нов прекар „Драги морони“, додаде музичарот.
– Ти си неук. Неуспешен во се, освен што тука те држи Саша Поповиќ. А ти се претставуваш како земунски рокер, кој го викаат шампон – продолжи композиторот.
– Сите музичари бегаа од тебе, ти од Земун со кој работеше. Те викаат Мили питон, оти давиш луѓе – бесен врати Ѓорѓе.
– Сега околу мене имам 30 музичари. Јас имам резултати, ти ги немаш – рече Мили.
– Јас не сум композитор.
– Па ти си ништо, што си? – праша Милиќ.
Како изгледаше ова ќе гледате во новото издание на регионалното шоу на „Гранд“.
фото:Принтскрин Прва/Курир.рс