Во новото издание на емисијата „Амиџи шоу“ водителот Огњен Амиџиќ поканил голем број учесници од екипата на „Задруга“, меѓу кои беа Миљана Кулиќ, Сања Грујиќ, Ана Јовановиќ, Филип Цар, Лазар Чолиќ Зола и Ненад Мачановиќ -Бебица.
View this post on Instagram
Сања Грујиќ во оваа прилика се осврна на нејзиното образование и откри какви желби имала во средношколските денови.
„Сакам да ја поздравам мојата класна, која ме учеше Српски јазик и литература, но се плашам да не и го нарушам душевниот мир. Во четврта година средно доаѓа крајот и прашањето кој што ќе запише, ми дојде редот и класната ме прашува на што ќе се запишам, јас и велам: „Па ќе се запишам на некој факултет, не е важно кој, зашто јас сакам да бидам старлета. Така ми излета, а таа беше шокирана затоа што бев навистина добар ученик и класната виде некаков потенцијал во мене. Сега кога гледам како сè ми пропадна, сфаќам дека била во право. Никогаш не сум била старлета, тоа беше само моја желба во тоа време. Имав различни планови, сакав да бидам пејачка и актерка, се’ и сешто. Сега сакам да бидам асистент водител, подоцна водител кога ти ќе се пензионираш“– низ смеа откри Сања.
View this post on Instagram
Фото:Принтскрин/Инстаграм/sanjagrujiccc