Радио Милева Мама е секогаш тука

Анастасија Ражнатовиќ откри дали мама Цеца и го плати отворањето на новиот салон за убавина

Анастасија Ражнатовиќ откри дали мама Цеца и го плати отворањето на новиот салон за убавина

Анастасија Ражнатовиќ освен музичката кариера реши да заплови и во бизнис заедно со пријателка.

Анастасија открива како се одлучила на ваквиот чекор и што ја советувала нејзината мајка, која присуствувале на отворањето, заедно со снаата Богдана.

-Се грижам за себе и за својот изглед и спонтано дојдов до оваа идеја. Прво сакав шминка, но Маја Беровиќ и Емина Јаховиќ лансираа своја, па се решив за козметика за да не биде пренатрупано. Верував дека можам да направам нешто квалитетно. Се чувствувам феноменално, долго време го подготвуваме овој проект и многу сум возбудена. Направивме многу работа и јас сум презадоволна. Жените ќе имаат свое катче каде ќе се разубавуваат – вели Анастасија.

Таа истакнува дека цело време додека го подготвувала проектот имала голема поддршка од нејзината мајка.

-Мама е пресреќна. Таа е секогаш тука за мене и Вељко, да не поддржи и да биде ветерот зад нас. Тоа се мои обврски. Таа не ми помогна со финансирањето. Имам партнер во сето ова. Учествуваме заедно. Добра сум во планирањето на времето, ќе успеам и со овие обврски – истакна Анастасија.

Таа открива и каков совет добила од нејзината мајка.

-Таа ми посака среќа. Ми рече да бидам професионална и ангажирана, нешто што и планирам да бидам – објаснува Анастасија.

фото:Принтскрин/Инстаграм

To top