Светски позната манекенка Кара Делевињ уште еднаш го привлече вниманието на јавноста на неодамна одржаната Мет Гала.
Делевињ се појави на црвениот тепих на престижниот настан во елегантно црвено одело, а среде позирањето го соблече сакото и ги покажа голите гради.
Манекенката го обоила телото во златна боја, а градите ги прекрила со минимални парчиња ткаенина. Шминкерот Роми Солејмани кој бил заслужен за изгледот на Кара, објаснил дека златната боја се однесува на машките и женските елементи на Делевињ и стилот на Дејвид Боуви.
Сепак, печатите на нејзината кожа биле видливи, поради што многумина се запрашале што се случува со кожата на убавата манекенка. Кара во едно интервју во 2015 година откри дека нејзината кожа се лупи по ревиите во текот на модните недели.
„Ова е очигледно најлошиот период од годината за мојата кожа. Кејт Мос ме виде пред изложбата на Луј Витон во 3 часот наутро кога моето тело беше обоено за да се прекријат дамките. Ми рече: Ова е страшно. Зошто ти се случува ова? Морам да ти помогнам“, открила манекенката.
Станува збор за псоријаза, хронична автоимуна болест која ја погодува кожата и предизвикува појава на розови дамки кои се лупат и кои најчесто се појавуваат на рацете, лактите и долниот дел од грбот. Делевињ е една од ретките познати личности кои отворено зборуваат за својата борба со оваа болест.
„Луѓето ставаа ракавици и не сакаа да ме допрат бидејќи мислеа дека имам лепра или нешто слично. Тоа не беше добар период, се борев со месеци. Постојано бев на работ. Тоа е и работа на психата бидејќи ако се мразиш себеси, своето тело и начинот на кој изгледаш, станува сè полошо и полошо“, изјавила Кара во една прилика.