Радио Милева нема причина за сомнеж

Сопругата на Милан Калиниќ е вистинска убавица: Водителот призна голема вистина (фото)

Сопругата на Милан Калиниќ е вистинска убавица: Водителот призна голема вистина (фото)

Милан Калиниќ може слободно да каже дека е среќен човек, бидејќи после деценија ипол брак тврди дека не би променил ниту една секунда помината со сопругата. Сандра Калиниќ важи за убава и негувана жена, а познатиот актер и водител искрено признава дека не му пречи кога другите ја гледаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kalinic.milan72 (@kalinic.milan72)

„Секако, би ми пречело некој да се обиде да ја премине границата на добро воспитување, но нема ништо лошо  ако се однесува културно со  убава и згодна  жена, како што, на крајот на краиштата и  јас самиот тоа го правам. На тоа гледам како комплимет. Мојата сопруга има четириесет години, заедно сме скоро дваесет години, а таа е „топ риба“. Сандра е една од најженствените, најубавите жени во Белград. Каде и да се појавиме, таа е или најубава или меѓу трите најатрактивни.  Вистинскиот маж кој е сигурен во себе, а пред се оној кој ја сака својата сопруга тоа  само може да го  импресионира.“

„Не  се „ѕверам“ наоколу, но сакам да загледувам. Тоа го правам и пред Сандра. Впрочем, понекогаш коментираме заедно“ – откри во една прилика Милан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kalinic.milan72 (@kalinic.milan72)

„Сè додека е во границите на пристојноста – нормално е, но не е нормално да се правиме луди кога факт е дека некој ни го привлекол вниманието. Тоа е лицемерно. Кога се преправаме дека не сме забележале дека некој изгледа добро, тогаш има причина за сомнеж“- изјавил Калиниќ.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/kalinic.milan72

To top