Радио Милева повторена мода

Српската преставничка на Евровизија Констракта во Торино намерно ја ископира Меган Маркл (фото)

Српската преставничка на Евровизија Констракта во Торино намерно ја ископира Меган Маркл (фото)

Српската претставничка на Евровизија Ана Ѓуриќ Констракта во Торино се појави во специјално издание. Таа прошета по тиркизниот тепих, облечена како сопругата на принцот Хари, Меган Маркл.

Се појави во бел костим и со бела шапка, а нејзината придружна екипа беше во црни костими, во сличен стајлинг каков што ќе  имаат на евровизиската сцена. Фановите на Евровизија веднаш почнаа да ги споредуваат нивните стајлинзи на социјалните мрежи, па напишаа дека Констракта сакала да се пошегува со костимот што Меган го носеше уште во 2019 година, по повод „Денот на Комонвелтот “во Вестминстерската опатија.

Српската претставничка доби многу позитивни коментари во врска со овој гест, со оглед на тоа што сите се упатени дека во евровизиската песна „Ин корпоре сано“, ја спомнува  војвотката од Сасекс и тајната на нејзината здрава и природна коса.

Фото:Принтскрин/Профимедиа

To top