Младата македонска пејачка Ања Ветерова дипломираше.
Таа своето музичко образование стекна на престижната и можеби најпозната музичка академија во светот – „Беркли“, во Бостон, САД, од каде деновиве се пофали за дипломирањето.
Ања неодамна со тамошните студенти го имаше своето завршно шоу на колеџот, а улогата на македонското пејачко мињонче заедно со Berklee Beyonce Ensemble беше да биде Бијонсе на нејзин начин… Како вокално, така и визуелно. Ања изгледаше мошне секси и заводливо, но она што беше највозбудливо, беше нејзиниот „жежок“ настап на сцената на колеџот.
Симулирајќи различни еротски движења и допири, пејачката меѓу останатиот талент, го демоинстрираше и сиот свој телесен раскош на сцената, во кој доминира убаво извајната заоблена задница на малечката убавица.
По завршното „дипломско“ шоу, полека дојде време за разделба… Време за последниот ден на Ања како студент нас Беркли.
Завршната церемонија и доделувањето на дипломите, ден исполнет со радост, среќа, исполнување на сонот… Да се биде дипломиран Беркли музички уметник… Таму каде што е најпрестижно, каде што студира и предава светската класа!
Пресреќна, со широка насмевка на лицето, убавите вести Ветерова ги сподели на социјалните мрежи, а порај фотографиите на својот фејсбук и и Инстаграм профил напиша: „Многумина сонуваат, некои се обидуваат, но јас постигнав“!
Еден сон е остварен, една приказна завршена, една животна страница затворена…
Дали младата македонска пејачка со престижната Беркли диплома ќе остане и понатаму во САД и ќе се обиде она што го научила да го преточи пракса, некој нов сон да претвори во животна реалност или ќе се врати дома во Македонија за да го завземе своето место на музичкото небо меѓу ѕвездите, останува да видиме?
Како и да е, добивме уште една фотографија, а на неа македонско музичко име со светски престижна тапија… в раце! Нека и е со среќа и отворен патот, поплочен со нови успеси!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/anniamusicofficial