Мегафон фестивали

35-то јубилејно издание „Фолк Фест – Валандово 2022“ на 5. јуни

35-то јубилејно издание „Фолк Фест – Валандово 2022“ на 5. јуни

35-то јубилејно издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни Фолк Фест – Валандово, ќе се одржи на 5 јуни (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат претставени 23 новосоздадени фолк композиции.

Во ревијалниот дел од фестивалската вечер, свој настап пред публиката ќе има доајенката на македонската фолк песна, Блага Петреска. Како најава на фестивалската програма, на 3-ти и 4-ти јуни, на градскиот плоштад во Валандово предвидени се настапи на неколку реномирани изведувачи од македонската фолк и забавна сцена, кои во духот на македонската песна ќе го најават овогодинешното 35-то јубилејно издание. На 3-ти јуни публиката на валандовскиот плоштад ќе ја забавуваат Александар и Дац а потоа Ленче и Горан Кукиќ, а пак на 4-ти јуни ќе настапат Владо Јаневски и „Љубојна“.

Фолк Фест – Валандово, е еден од симболите на нашата заедница и традиција која ја негуваат и надградуваат многу генерации. Фестивалот има исклучително културолошко значење и истиот е еден од симболите на нашата идентитетска посебност.

To top