Радио Милева бакшиш во кеш и аутце...

Сара Рељиќ од пеење на приватна прослава „заработе“ 3-4 автомобила: Гостите „ја китеа“ и со кеш банкноти и со клучеви од своите автомобили (ФОТО)

Сара Рељиќ од пеење на приватна прослава „заработе“ 3-4 автомобила: Гостите „ја китеа“ и со кеш банкноти и со клучеви од своите автомобили (ФОТО)

Снимки на кои гостите на приватни забави ги „китат“ со пари пејачите редовно осамнуваат на социјалните мрежи, а Сара Рељиќ се чини на ова поле, по прашање на кешот е новата „кралица на бакшишот“.


Имено, пејачката, мисица и  ријалити ѕвезда деновиве пеела на една забава, а освен што се снимала со куп банкноти во раката, расположените гости отишле  и чекор понатаму.

Сара фатена во кадар во кој нејзините гости еден по еден и ги ставаат клучевите од свите автомобилот во раце.

„Што, не знам да возам, бре?!“ – се пошегувала русокосата пејачка, разбирливо видно расположена и среќна. А како и не би била кога покрај кешот за барем еден половен, добила иклучеви од уште неколку автомобила. Секако, на крајот клучевите ќе мора да ги врати назад, но сопствениците за да си ги повратат, ќе морада ги откупат од пејачката, со уште по некоја зелена банкнота!

Инаку, на овие снимки може да се забележи дека раката на пејачката и е во гипс, бидејќи неодамна имала незгода, по што дошло до повреда, поради што докторот и наредил строго да мирува.

Но пејачкатаа решила „да не ферма жива сила“ и понатаму редовно да настапува по ноќните клубови и на приватни прослави.

Патем, успела и да се снајде, па и гипсот на раката да и се најде… Како закачалка за приврзоци на автомобилските клучеви!

Фото: Инстаграм принтскрин/sara_reljic.1

To top