Автомобилот оддамна не е луксуз. За повеќето од нас – потреба, за малкумина скапо задоволство, за ептен малку – луксузен љубумец на 4 тркала за ку*чење! Ама како и да е сите што го поседуваат, мора да го одржуваат… Во возна состојба и чист!
Перењето автомобил во пералните за коли полека станува луксуз… Особено во Скопје. Ем ќе се отепаш од чекање, ем скапо ќе го платиш одржувањето на хигиена на својот љубимец на 4 тркала од „еди колку си коња“ под хаубата!
Ама има и такви што имаат љубимци со 4 нозе наместо 4 тркала… И немаат хауба, а сепак имаат само еден КОЊ! Ако не сте знаеле во Скопје и таквите можат да се перат… во перална за автомобили и… коњи! Сосе или без приколката!