Изиминатиот викенд во еден познат скопски рестора за свадби се случи свадбената веселба на македонскиот актер и ТВ водител Жарко Димоски и неговата убава кавадаречка невеста Ангела Јосифова.
Зетот од Прилеп, невестата од Кавадарци, а свадбата се случи во Скопје каде младите и нивните семејства пооканија окоолу 250 гости.
Тие чекаа да дојдат подобри времиња за свадба поради кононата, бидејќи нивната венчавка се случи во септември 2020 година во Ровињ-Хрватска.
Сега дојде вистинскиот ден Жаре и Ангела и официјално да го направат свечениот чин во присуство на драги луѓе. На Инстаграм профилот кај Жаре се најдоа доста фотографии од свадбата, а од приложеното може да се види дека свадбата била на ниво.
Од песна до оро, повеќе специјални точки на младите, ди-џеј… Забава за мерак на сите присутни.
Инаку, на венчавката која се случи во Хрватака невестата тогаш ја носеше венчаницата на мајка си, додека овој пат носеше нова, по свој вкус, додека Жаре на себе имаше бел костум со црни детели.
Како изгледаше веселбата погледнете во продолжение:
фото: Инстаграм принтскрин /Жарко Димоски