По врската со Дарко Лазиќ, таа стана една од најбараните пејачки. Барбара Бобак сега сними видео за нејзиниот нов сингл со интересен наслов – „Дупло полоша“.
Убавата и талентирана Барбара ја заскокотка фантазијата на своите обожаватели, па најпрво ги сподели со нив жешките фотографиите направени на сетот, по кои коментарите се редат до бескарај.
Во провокативни изданија, но секогаш во границата на вкусот, таа реши да го покаже својот најсилен адут, убаво извајана задница по која многу припадници на посилниот пол ја препознаваат и лудеат!
Она што многумина го забележуваат е фактот дека Барбара никогаш не изгледала посекси и дека е на одличен пат да се позиционира на самиот врв на естрадната сцена.
Дополнително интересно е што таа самата го напишала текстот за оваа песна минатото лето, додека уживала на одмор во Египет. Песната ја визуелизирала со високобуџетен спот со кој го заврши својот нов проект кој наскоро ќе ја здогледа светлината на денот.
Во една од сцените во нејзиниот скут „спие“ згоден мускулест маж. Кадри кои исто така наидоа на бројни коментари и дилеми: Дали е тоа само за потребите на спотот или пак тоа значи дека за Барбара Дарко Лазиќ е дефинитивно минато, свршено време, а на негово место сега во нејзиниот скут некој друг маж мирно и спокојно „дреме“?
Фото: Инстаграм принтскрин/barbara.bobak