Дека пејачката е во добри односи со братот и семејството на нејзиниот сегашен партнер Немања Гудељ сведочи и фотографијата на Анастасија Ражнатовиќ која се појави на Инстаграм.
Таа моментално е во Севиља, каде деновите ги поминува со новото момче, фудбалерот Немања Гудељ, но и со неговото семејство, а доказ за тоа е и последната објава која Анастасија ја сподели.
Иако веројатно сè уште не е подготвена јавно да сподели слика со Немања, ќерката на Цеца Ражнатовиќ овој пат позираше со неговиот брат Драгиша Гудељ, а нивната сестра Вања ги фотографирала.
Очигледно Анастасија блеска во добро расположение, бидејќи членовите на семејството на нејзиниот сегашен избраник едноставно ја обожаваат.
Фото: Принтскрин Инстаграм/raznatovicanastasija