Јелена Карлеуша е поим за мода, елеганција, екстраваганција, сексапил и провокација… Атрактивната русокоса нема ден а да не предизвик нова бура во јавноста. Секое нејзино ново појавување е ново изненадување за нејзините следбеници, чиј број секојдневно се зголемува, што на српската поп-фолк дива особено и импонира.
А таа и тоа како знае да им возврати… Поретко со песна, многу повеќе со својата еротска имагинација која нестварно ја буди и поттикнува волшебната игра на сетилата, зашто голотијата и телесниот раскош што го нуди „белградската мала од скандала“ е единствена, а нејзината привлечност фатална.
И тогаш кога нуди нешто што никој друг освена неа и не знае и не може да го понуди, но и она што е веќе видено кај неа, зане како да го спакува, за одново да ве возбуди!
Така е и овој пат, кога расната пејачка решила да ја отвори сезоната… Онаа летната и тоа со носталгични сеќавања на најдоброто или ако повеќе сакате, „најголото“ од Карлеуша!
Имено, Јелена спакува кус видео-омаж што на секој маж ќе му го крене притисокот, зашто во него се вметнати нејзините најразголени летни стајлинзи. Било да се тоа мини бикини во различни бои и модели, со танга – однапред, танга – одзади, со едвај мали крпчиња само преку меѓуножјето и брадавиците на нејзините силиконски гради…
Или ако не се во прашање костими за капење, тогаш се во прашање секси фустани, со длабоки деколтеа и шлицеви до препони… И уште понешто од она се’што што Карлеуша знаела да го носи претходниве сезони!
Затоа погледнете и уживајте… Волку разголена може да биде само Јелена!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar