Третото издание на „Скопски градски фестивал“ ќе се одржи на „Школка“ во скопскиот градски парк, започнувајќи на 6 мај.
На фестивалот со почеток во 20 часот ќе настапи македонскиот музичар Мухамед Ибрахими – гитарист во чиј музички стил и израз доминираат рок, блуз и амбиент звуци, со корени во балканскиот и ориенталниот фолклор.
Преку својот настап на СГФ, ќе биде промовиран новиот албум на македонскиот рок состав „Code 369“, насловен „Стадиуми на љубовта“.
На скопскиот фестивал ќе настапи и белградскиот ар’ен’би состав „Texas Flood“, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger).
„Златановиќ“ настапувал со светски музичари меѓу кои Lance Lopez, Lucky Peterson, Anа Popović, Enrico Crivellar, Ian Siegal, Matt Schofield, Alex Shultz, Big Daddy Wilson и Alto Reed“, велат организаторите „Баги комуникации“.
Концертите на 6 мај на Школка ќе бидат бесплатни за публиката.
Скопски Градски Фестивал е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.