Еден од најпопуларните регионални пејачи Тони Цетински се присети на покојниот Тоше Проески, големата македонска музичка ѕвезда која не напушти пред 14 години.
Тоше го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка и го зацрни регионот, а Цетински се присети на соработката и пријателството со него и откри нови детали.
– Сакам да им помагам на помладите и го немам тоа его и проблемот дека некој ќе ме загрози. Тоа беше најактуелното прашање кога снимив дуетска песна со Тоше Проески. Се разбира, некои се прашуваа како и зошто. Зошто да не правам дует со некој што убаво пее?
Цетински додаде дека сака да соработува со помлади колеги, како и дека суетата отсекогаш му била туѓа.
– Тој начин на размислување е старомоден од некои стари системи каде што некои постари пејачи се држат скржави и внимаваат некои помлади да не го покријат со своето пеење. Мојата духовна страна го прави тоа. Тоа ми е туѓо –заклучи Цетински.
фото:принтскрин/јутјуб