Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ отпатува во Лондон поради настап, а пејачката престојува во еден од најскапите хотели
Цеца синоќа одржа концерт во Лондон, а пејачката очигледно решила да го продолжи престојот и одморот во еден од најубавите градови во Англија.
Познато е дека Цеца сака да ужива во луксуз, па не е чудно зошто го избрала хотелот во кој престојувала.
Фолк дивата престојува во хотел кој е на само 500 метри од центарот на Лондон и има пет ѕвезди, а ноќевање за едно лице чини вртоглави 1.070 евра за ноќевање!
Цеца неодамна ја прашаа кој е вистинскиот маж за неа, а таа како од топ одговори:
– Путин! (Смеа) Сите би Путин. Се шегувам, тој најмалку ја гледа жената, нема време за водење љубов и романса. Дотичниот, со сета почит, е престар за мојот вкус, јас би малку помлад и да нема толку обврски – изјави Цеца неодамна.