Дента кога се породи новинарката и ТВ водителка Анастасија Деа Богданоска, прв среќната вест ја обзнани нејзиниот сопруг, Богдан Илиевски – „Бетмен“ на социијалните мрежи, откако на својот Фејсбук сподели:
Гордиот татко кој со својата сопруга Деа претходно веќе имаат ќеркичка која го доби необичното и рертко име – Дениција, според една од најубавите песни песните на големиот македонски поет и писател Петре М. Андреевски, првично не соопшти како ќе се вика нивното второ, овој пат машко чедо.
Ниту паксреќната мајка, која следниот ден по породувањето исто така се огласи на својот Фејсбук за да се заблагодари на бројните честитки, веднаш не го објави името на нејзиното тукушто родено синче, туку само порача:
Но, веќе ден потоа, дилемата дали момченцето ќе добие име по некој од светлите патриотски ликови од нашата историја или можеби ќе биде крстено по името на некој од дедовците како што налага семејната традиција, беше разрешена, откако тато Богдан одново се огласи на социјалните мрежи, потсетувајќи:
На својот Инстаграм пак мајката Анастасија објави интересно видео со изгрејсонцето од првото утро по раѓањето на нивниот син, снимено од прозорецот на породилиштето.
„Утрото кога се роди синко: едно од најубавите изгрејсонца кои сум ги видела.
27.04.2022 , Добредојде Раде, радост си. И веќе го правиш светот поубав“ – напишала пресреќната мајка, која ја објави и првата семејна фотографија на која таткото Богдан можеби за прв пат го зема во прегратките своето синче Раде, а неговата малечка сестричка Дениција со рачето го милува своето новородено братче.
Фотографија од која секому ќе му се стоп(л)и душата… од радост, среќа и убавина. Нека им е со среќа приновата!
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Богдан Илиевски (Бетмен Велит)/anastasiia_dea