Мегафон

Горан Стефановски доби свој мурал во скопско „Дебар маало“ (фото)

Горан Стефановски доби свој мурал во скопско „Дебар маало“ (фото)

По повод 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели, Горан Стефановски, на дел од фасадата на ООУ „Коле Неделковски“ на „Боемска улица“ 2 во Дебар Маало денеска е претставен исцртаниот мурал со неговиот лик. Муралот го  наслика младиот уметник и тату-артист Блаже Атанасков- Нејмлес.

Во паркчето спроти општинските бараки (кај Спомен-обележјето на Горан Стефановски), се изведе драмскиот перформанс Маалски драмски разговори, со кој и ќе заврши овогодишното одбележување на роденденот на Горан Стефановски. Свое онлајн обраќање имаше и неговиот син, Игор Стефановски, кој преку Здружението за промоција на културното наследство на Горан Стефановски, направи годишен осврт на проекти и дела поврзани со зачувувањето на делото на драматургот.

„Среќен 70-ти стари, сигурно на ваков ден ќе те зафркавав дека влегуваш во нова декада, а ти ќе кажеше дека уште се чувствуваш како да имаш 18. Те сакам“, гласеше одјавата на Игор Стефановски.

To top