Наталија Мартиновиќ, сопругата на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, го оставила откако дознала дека меѓу него и младата поп ѕвезда Светлана Цеца, тогаш Величковиќ настанале емоции.
Откако нејзиниот тогашен сопруг Жељко призна дека се заљубил во Цеца, Наталија ги спакувала куферите и си заминала заедно со нивните четири деца.
Иако тогаш сите ја обвинуваа пејачката за нивното раскинување, Аркан остро ги осуди ваквите коментари, тврдејќи дека пејачката нема никаква врска со тоа.
„После 13 години брак со Наталија, се разведов. Мојата Маша се роди додека бев во хрватски затвор. Со сопругата не сме заедно три години. Имав три брака, но никогаш не сум бил женкар. Не сум имал љубовни врски. За 13 години колку што бев со бившата сопруга, ништо не се случило што би ѝ предизвикало сомнеж. Тогаш се заљубив во Цеца. Тоа и го кажав на жената. Всушност, тоа се случуваше постепено. Цеца беше упорна. Отворено ми зборуваше за нејзината љубов и јас полека ја прифатив“, открил Аркан за српските медиуми во 1996 година.
Наталија Мартиновиќ е првата сопруга на Жељко Ражнатовиќ Аркан. Тие беа во брак од 1985 до 1994 година. Аркан и Наталија имаат четири деца, близнаците Војин и Никола и две ќерки Маша и Милена.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/vojinraznatovic