Весна Змијанац на Инстаграм покажа како изгледа без филтри и шминка, а коментарите не престануваат да доаѓаат .
Музичката ѕвезда Весна Змијанац е присутна на естрадата веќе половина век, а неодамна призна дека и е доста од пеењето и јавниот живот. Својот мир пејачката го наоѓа на имотот во Букуља, каде што ужива секогаш кога има прилика, а често објавува и фотографии од таму.
Весна овој пат го покажа раскошот на својот имот кој се буди со доаѓањето на пролетта, а најмногу се израдувала на расцветаните јаболка.
Таа објави селфи фотографија на која позира пред расцутено овошно дрво, а вниманието го привлече тоа што позира без грам шминка и го покажа природното лице со сите несовршености.
View this post on Instagram
Но пегите и брчките само ги воодушевија нејзините обожаватели и на Весна и напишаа дека била и останува вистинска дама.
Ќе потсетиме дека Весна Змијанац важеше за една од најубавите пејачки на поранешна Југославија, а денес, кога има 65 години, гордо ги носи своите години.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/vesna_zmijanac_official