Радио Милева се подготвува голема веселба...

Катарина Грујиќ го откри датумот на грандиозната свадба: Луксузните покани подготвени

Катарина Грујиќ го откри датумот на грандиозната свадба:  Луксузните покани подготвени

Пејачката Катарина Грујиќ тајно се омажи за фудбалерот Марко Гобељиќ, а сега се подготвуваат за голема свадба. Пејачката и фудбалерот се пресреќни што неодамна ја добија ќерката Катја, а Катарина набрзо ја врати линијата и ја  доведе до совршенство. Сега Грујиќ ја сподели радосната вест со сите на Инстаграм.

Големата свадба се подготвува на 2 јуни 2022 година, а Катарина сега на Инстаграм покажа и луксузни покани со изгравирани иницијали на името во златна боја.

„Па, да почнеме“, порача Катарина Грујиќ преку социјалните мрежи.

Грујиќ неодамна откри како се снаоѓа во новата животна улога:

„Јас сум нова мајка, бебето има само четири месеци… Никогаш не оди сѐ според планот.  За сѐ е важна организација. Мислам дека помошта е неопходна, бидејќи не можеме се да направиме  сами, важна е  кариерата,  семејството, да поминам малку време со мојот сопруг и сѐ да биде во ред со бебето, така што мислам дека помошта е неопходна“- рече таа.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/katarinagrujic.doll/

To top