Популарната пејачка Сандра Африка вчера била нападната пред еден елитен ресторан во центарот на Белград.
Пејачката доживеала непријатност во еден ресторан на нов Белград кога ја нападнал манијак, како што дознаваат српските медиуми, а истиот ја следел веќе подолг период.
Полицијата веднаш интервенирала и на лице место се појавиле со три патроли, по што пејачката била однесена во полициска станица за на надлежните да би им дала изјава за инцидентот.
Сандра екипата на Телеграф.рс ја затекнала без шминка и во опуштено издание, а на нејзиното бледо лице можело да се забележи и загриженост, пишуваат тие.
Инаку во својата изјава за медиумите нејзиниот менаџер тврди дека најверојатно се работи за ментално ретардирано лице, кое е нејзин обожавател, „опсесивно вљубен“ во пејачката. Тој наводно дошол и до бројоот на мобилниот телефон на менаџерот и откако му се јавил се заканил дека ќе ја заколе пејачката, доколку таа не му се јави, по што била известена полицијата.
Фото: ATA Images