Познатиот црногорски актер Момчило Оташевиќ се ожени со својата избраничка на церемонија на која присутни беа само нивните најблиски.
Со звуците на клавирот младите ги изговорија брачните завети, а Јелена за оваа прилика избра фустан во маслинеста нијанса, а пак Момчило за класично сиво одело. Актерот за магазинот „Нина“ вели дека немало дилема дека венчавката ќе ја направат во културниот центар „Никола Ѓурковиќ“ во Котор.
-За Котор ме врзуваат само убави спомени. Котор и Цетиње се некако поврзани. Овој град ме освои мене и Јелена, а последните две-три години ги минуваме на одмор во стариот град, па затоа немаше дилема каде да се венчаме.
Инаку, ова е втор брак на хрватската актерка, од кој има ќерка. Момчило неодамна откри дека очекуваат девојче кое треба да се роди во месец август.