Пејачката и победничката на Евровизија, Марија Шерифовиќ е позната по љубовта кон животните, а нејзиното куче Хак, кое со години ја следи во добро и лошо, неодамна наполни четири години, па Шерифовиќ подготви торта со неговото име.
Меѓутоа, неодамна нејзиниот дом е побогат за уште еден член, кој ни го покажа на Велигден. Станува збор за зајак, кој таа го нарече Зек.
Освен што им го честиташе празникот на обожавателите и придружниците, пејачката го претстави и Зек.
– Драги и добри луѓе, Христос Воскресе. Бидете храбри, чесни, вредни, мудри и простувајте. Домот на Шерифовиќ од денеска е побогат за уште еден член. Се вика Зек. Велат дека ова животно значи зора, создавање, нов почеток, раѓање на живот, долговечност и среќа… Така нека биде“ – напиша Марија под фотографијата со зајакот.
View this post on Instagram
Марија го прослави празникот со својата мајка Верица, а како двете го поминаа времето со Хак и Зек, останува допрва да видиме.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/serifovic